Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела

Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да направете 2-3 свртувања за да формирате зајчиња - направете ги за велигденската трпеза. 

recept-za-lesni-veligdenski-zajchinja-polneti-so-nutela-01.jpg

По повод Велигден, не оставајте многу работи за во последен момент и со време инспирирајте се и направете список од јадења што ќе ги подготвувате. 

Доколку немате идеја, овие велигденски зајчиња од готово лиснато тесто се идеален, лесен рецепт. 

Можете да си ги направите и неколку дена порано за проба.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 1 пакетче готово лиснато тесто
  • 200g Нутела (или чоколаден крем по желба)
  • Шеќер за наросување
  • 1 јајце, малку матено
  • Шлаг пена (или маскарпоне крем)

За маскарпоне крем (доколку го правите наместо шлаг):

  • 200g маскарпоне се меша со 30-50g мед за вкус додека смесата не се соедини

Начин на подготовка:

  • Одвртете го тестото, намачкајте Нутела на едната половина по ширина и покријте со другата половина (или доколку се две теста ставете ги едно врз друго).
  • Исечете го тестото на ленти од отприлика 2.5cm ширина.
  • Секоја лента свиткајте ја прво така што ќе формирате отворен круг во долниот дел, а со двете страни од лентата што ќе останат горе, направете плетенка двапати вртејќи ги едно преку друго (погледнете на фотографиите).

    recept-za-veligdenski-zajchinja-so-nutela-02.jpg
  • Премачкајте ги зајчињата со јајце, наросете малку шеќер и печете на 180 степени Целзиусови околу 15-17 минути.
  • На крај во дупката може да ставите малку шлаг или маскарпоне крем, што ќе наликува на опавче на зајчето.

Можете да правите повеќе варијанти во поглед на декорирањето - од шеќер во гранули, до шеќер во прав, шлаг или чоколадни јајца во средината - зависи од вашата креативност. 

recept-za-lesni-veligdenski-zajchinja-polneti-so-nutela-02.jpg

recept-za-lesni-veligdenski-zajchinja-polneti-so-nutela-03.jpg

recept-za-lesni-veligdenski-zajchinja-polneti-so-nutela-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава