Велигденски појадок: Лиснато тесто со варено јајце, кашкавал и пршута

Ако ви останаа многу велигденски јајца, направете си вкусен појадок со нив, со смрзнато лиснато тесто, така што ќе го наполните со пршута, кашкавал и по едно јајце. 

veligdenski-pojadok-lisnato-testo-so-vareno-jajce-kashkaval-i-prshuta-01.jpg 

Идеален појадок во празничниот период се овие мини лиснати полнети со варено јајце. 

Сигурно и вие имате еден куп останати јајца на кои не знаете што да им правите. 

Овој рецепт е брз и лесен, а ќе ги изедете јајцата без да се мачите. 

Потребни состојки:

  • Готово лиснато тесто
  • 6 варени јајца
  • 6 тенки парчиња сланина или пршута
  • 6 парчиња кашкавал
  • Стопен путер за премачкување
  • Семки по желба (сусам, афион, сончоглед)

Начин на подготовка:

  • Размесете го тестото и пресечете го на 6 правоаголници.
  • Секој правоаголник обложете го со кашкавал, пршута или сланина, па ставете излупено јајце и сролајте го во сувомеснатото.
  • Со раце затворете ги страниците како во видеото и префрлете на плех обложен со хартија за печење.
  • Премачкајте ги лиснатите со стопен путер и наросете од семките.
  • Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови 20 минути.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава