Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer
Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ги послужите со нешто домашно и вкусно.

За сите кои обожаваат гибаница, сега постои многу побрз и полесен начин да ја подготват.
Овој рецепт е со сирење, но доколку сакате, можете да ја направите со мелено месо, спанаќ или праз, по вкус.
Потребни состојки:
- 250g готови кори
- 2 јајца
- Сол по вкус
- 200g ситно сирење
- 100g фета сирење
- 1 шолја јогурт
- ½ шолја масло
- Прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Во длабок сад направете смеса од јајцата, двата вида сирење, јогуртот, маслото и прашокот за печиво. Кога ќе ги споите убаво, додајте и сол по вкус.
- Корите убаво раздвојте ги и исечкајте ги на ситни парчиња со чисти ножици.
- Малку по малку, додавајте од корите во смесата од јајца и сирење и мешајте за да се спојат убаво. Постапката повторувајте ја додека не ги додадете сите кори во смесата.
- На дното на Air Fryer-от ставете хартија за печење, па истурете ја смесата за гибаница. Одозгора посипете со сусам.
- Печете околу 25 минути на 180 степени, а потоа свртете ја питата наопаку (како во видеото) и печете уште 10-12 минути за да се испече убаво и долната страна.
- Послужете ја топла.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за сочни пилешки крилца со барбекју сос, во AirFryer
Рецепт за највкусните и најсочните пилешки крилца направени во Air Fryer - потоп...
Рецепт за гибаница од оризова хартија наместо кори – хит на социјалните мрежи
На социјалните мрежи хит се питите, гибаниците и баничките од оризови хартии кои...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час
Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пит...