Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час
Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пита со тиквички?

Кога ќе споите тиквички, фета сирење и грчки јогурт, резултатот е превкусна пита.
Може да ја правите за појадок или вечера, за домашните или кога ќе ви се најават гости.
А подготовката е многу лесна.
Потребни состојки:
- 2 средни тиквички
- 8 кори за пита
- 200g путер
- 250g фета сирење
- 200g крем сирење
- 100ml грчки јогурт
- 1 јајце
- бибер сол
За преливот:
- 250ml минерална вода
- 1 јајце
- 2 лажици грчки јогурт
Начин на подготовка:
- Излупете ги тиквичките, изрендајте ги и ставете ги настрана да се исцедат.
- Во сад ставете ги фета и крем сирењето, јајцето, грчкиот јогурт, зачинете и добро измешајте.
- Додадете ги исцедените тиквички во таа смеса и спојте ги со мешање.
- Растопете го путерот и премачкајте ја едната кора, преку неа ставете втора кора, па и неа премачкајте ја со путер и додадете ¼ од смесата.
- Свиткајте ја кората како хармоника (погледнете во видеото), превиткајте ја на половина и ставете ја во намастен плех за печере.
- Повторете ја постапката со преостанатите 6 кори.
- Потоа, измешајте минерална вода, јајце и грчки јогурт во сад и со смесата прелијте ја питата.
- Печете на 180°C околу 30 минути, а потоа уште 5-6 минути на 250°C.
- Послужете ја кога малку ќе се излади.
Видео постапка:
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
