Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода

Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и сирење. Можете веднаш да ги подготвите, а рецептот да го ставите на листата „омилени“.

recept-za-mini-rolati-so-spanakj-i-sirenje-sovrsheni-zalchinja-za-sekoja-prigoda-01.jpg

Без оглед дали ви се најавиле гости или сакате да подготвите нешто брзо за домашните, овие мини ролати со спанаќ и сирење се совршени за секоја пригода.

Едноставни се за подготовка и многу брзи. Пробајте ги уште викендов - нема да се покаете.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 250g спанаќ (свеж или смрзнат)
  • 1 мал кромид
  • 2 чешниња лук
  • Сол и бибер по вкус
  • Сусам
  • 200g издробено фета сирење
  • 50g чаден кашкавал
  • 1 јајце (белка за филот, жолчка за премачкување)

Начин на подготовка:

  • Исечкајте ги кромидот и лукот на ситно и пржете ги неколку минути.
  • Додадете го спанаќот, па зачинете со сол и бибер и гответе додека водата што ја испушта спанаќот не испари.
  • Оставете смесата да се олади, па додадете го издробеното фета сирење, парчињата сечкан чаден кашкавал и белката и добро измешајте.
  • Распоредете го филот врз лиснатото тесто и замотајте го во форма на ролат, па исечете го на 8 еднакви парчиња.
  • Премачкајте ги мини ролатите со жолчка и посипете со сусам.
  • Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30 минути, додека не добијат златно-кафеава боја и не станат крцкави.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg