Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?

Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но лесно можете да го направите и сами.

tavce-gravce-makedonski-recept-01.jpg

Тавче гравче e едно од најпознатите јадења кај нас. Во зависност во кој дел на Македонија сте, можете да сретнете разни верзии на овој специјалитет, но сите се несомнено вкусни.

Како да направите тавче гравче?

Потребни состојки:

  • 1/2kg грав
  • 1-2 главици кромид
  • 1 стебленце праз
  • 2 до 3 чешниња лук
  • 100ml масло
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • половина лажичка буковец
  • 1 ловоров лист
  • 5-6 листови свежо нане
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • 1 свеж домат
  • 2 до 3 свежи пиперки
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Гравот најпрво треба да го ставите во длабок сад, да го измиете и оставете да отстои една ноќ.
  • Следниот ден сменете ја водата, ставете го на шпорет и варете го додека не омекне, но внимавајте зрната да останат цели.
  • Откако ќе го сварите гравот, исцедете ја водата, но не целосно.
  • Во тава ставете го маслото, па додајте го ситно исечканиот кромид заедно со исечканиот праз и пржете додека не омекне кромидот.
  • Во тавата додајте го ловоровиот лист, црвениот пипер, брашното, сол, бибер, и други зачини по желба.
  • Сите состојки убаво промешајте ги да се соединат и потоа додајте ситно сечкан лук.
  • На крајот истурете го гравот и убаво измешајте, па префрлете сè во тава за печење.
  • Најдобро е гравот да го готвите во земјен сад, за да има убав шмек.
  • Врз гравот ставете ситно сечкано нане и магдонос а потоа ставете домати исечени на прстени, пиперки исечени на половина и исчистени од семки.
  • Се пече во загреана рерна на 185°C околу 30 до 45 минути.
  • Кога на горниот слој ќе се формира кора, гравот е готов.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава