Летно мезе по грчки рецепт: Фета сирење со прелив од мед и сусам
Замислете дека сте покрај море, во таверна, со салата, цацики и фамозното фета сирење во сос од мед... Истото може да си го направите и дома многу лесно, само ќе недостасува морето...

Доколку сте љубител на микс од благи и солени вкусови, тогаш ова мезе е идеално за летните собиранки.
Популарно е во грчките таверни, но наместо да чекате да го нарачате таму, можете и сами да си го подготвите.
Потребни состојки:
- 2 тенки кори
- Маслиново масло, за премачкување
- 180g парче фета сирење
- ½ лажица сушено чили, иситнето како снегулки (или може да искористите густа чили паста доколку имате)
- 1 јајце
- 1 лажичка афионско семе
- Малку бел или црн сусам по желба
- 3 лажички течен мед
- 1-2 лажици таан
- 1 лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 210 степени Целзиусови и ставете хартија за печење на плех.
- Ставете ги двете кори на работна површина. Премачкајте ја горната страна од едната кора со маслиново масло, па ставете ја втората врз неа.
- Фета парчето ставете го во средина во долниот дел на кората (но не најдолу) и одозгора ставете од чили снегулките.
- Долниот дел од кората превиткајте го врз парчето сирење, па свиткајте ги страничните делови врз сирењето и изролајте го до најгорниот дел од кората, цврсто држејќи да не се одвои (може да премачкате со масло или вода за да се залепат краевите).
- Во мал сад, изматете го јајцето со 1 лажица вода.
- Премачкајте ја кората во која е завиткано сирењето со мешавината од јајце и наросете малку афионско семе.
- Ставете да се пече на плех обложен со хартија за печење, 15-20 минути, или додека не добие златна боја.
- Во меѓувреме, во сад измешајте ги медот, таанот, сокот од лимон и 1 лажица вода, додека не добиете мазна смеса.
- Ставете го испеченото сирење во чинија и одозгора прелијте го со сосот од мед. Може да додадете и семиња по желба за сервирање.
Погледнете видео постапка (не е по истиот рецепт, но може да ви биде од корист за визуелен приказ):
https://www.tiktok.com/@sheerluxe/video/7148768786831707398?q=Baked%20feta%20in%20filo%20with%20honey-tahini%20dressing%20and%20chilli%20&t=1718022792985
M. M. | Црнобело