Совршено летно мезе - Крцкави тиквички потпечени во рерна, со сос од грчки јогурт

Тиквичките може да се подготват на десетици разни начини, но овие со лебни трошки, потпечени во рерна, се совршено летно мезе.

sovrsheno-letno-meze-krckavi-tikvichki-potpecheni-vo-rerna-so-sos-od-grchki-jogurt-01.jpg

Потпечените тиквички можете да ги послужите со сос од грчки јогурт.

Верувајте, ќе уживате во секој залак.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 3 средни тиквички
  • 1 јајце
  • 80g брашно
  • 120g лебни трошки
  • 20ml маслиново масло
  • Сол, бибер по вкус

За сосот од грчки јогурт:

  • 200ml грчки јогурт
  • 10ml маслиново масло
  • Малку сечкан магдонос
  • Сол, бибер по вкус
  • Начин на подготовка:
  • Измијте ги тиквичките и лесно „изгребете“ ги со виљушка, па исечете ги на тркалца со дебелина од половина до 1cm.
  • Со чашка за ракија или нож, отстранете го центарот од секое парче за да ги направите тркалцата во вид на прстени.
  • Загрејте ја рерната на 180°C, а на плех за печење ставете хартија.
  • Изматете го јајцето со сол и бибер во еден сад, а во друг ставете го брашното, додека лебните трошки ставете ги во трета чинија.
  • Прво извалкајте го секој „прстен“ во брашно, потоа во јајце, а на крај ставете го во чинијата со лебни трошки.
  • Наредете ги на плехот за печење, прелијте (или испрскајте ги) со маслиново масло и печете 30-35 минути додека не станат крцкави и златни.
  • Подгответе го сосот - измешајте ги јогуртот, магдоносот, маслиновото масло, солта и биберот во длабок сад.
  • Послужете ги тиквичките топли, дополнети со освежителниот сос од јогурт.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...

Најчитани неделава