Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малку ги смените состојките или зачините.

Ако сте љубител на рижото со пилешко, тоа ќе има лесен, летен вкус, доколку го освежите со малку лимон.
Ова е вистински егзотичен предлог за медитерански ручек.
Потребни состојки за 4 лица:
За рижото:
- 350g ориз
- 300g пилешко филе
- 3 лажици мед
- 2 лимонa
- 100g пармезан
- 50ml бело вино
- 4 гранчиња мајчина душица
- Малку маслиново масло
- 1 лажица путер
- Сол, бибер по вкус
За бујонот од зеленчук:
- 2l вода
- 1 корен од магдонос
- 1 кромид
- 2 моркова
- 1 чешне лук

-->
-->
Начин на подготовка:
- Исечете го пилешкото на мали парчиња.
- Исцедете го сокот од еден и пол лимон и ставете го во чаша. Другата половина од лимонот исечете ја на тенки резанки.
- Прво, подгответе го бујонот - сварете ги морковите, коренот од магдонос, кромидот и лукот во околу 2 литра вода. Гответе половина час, а потоа извадете го зеленчукот.
- Во меѓувреме, кратко пропржете го оризот на две лажици маслиново масло. Додадете го поголемиот дел од бујонот (да го прекрие оризот), плус 50ml бело вино.
- Додадете сол и бибер по вкус, а по потреба додавајте од зеленчуковиот бујон и варете додека оризот не стане речиси ал денте. Не го покривајте оризот додека се вари.
- Во меѓувреме, загрејте 5-6 лажици маслиново масло на силен оган, доволно за да го покрие дното на тавата.
- Додадете ги парчињата пилешко, листовите мајчина душица, сокот од лимон и парчињата лимон.
- Добро измешајте сè, па веднаш потоа, додадете го медот и постојано мешајте додека пилешкото не се карамелизира (околу 3-4 минути).
- Тргнете ја тавата со пилешкото од оган, па додадете го оризот. На крај, ставете го путерот, изрендајте го пармезанот и спојте ги сите состојки.
- Послужете го топло, по желба со изрендан пармезан одозгора.

-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
