Домашни сникерс колачи со урми, без печење
Некои слатки задоволства се подготвуваат за час, а овие сникерс колачи со урни се едни од нив.

За сите љубители на вкусот на сникерс колачите, денес имаме предлог рецепт кој се подготвува многу брзо, а колачињата ќе ги снема за час.
Потребен ви е само силиконски калап за мафини и неколку состојки.
Уште една работа што им оди во прилог, е тоа што не треба да ги печете.
Потребни состојки:
- 6 урми
- 6 лажички путер од кикирики
- 50g печени, несолени кикирики
- 100g млечно чоколадо
Начин на подготовка:
- Ако се урмите со семки, исчистете ги, а потоа секоја урма ставете ја на дното на силиконскиот калап и убаво згмечете ја (како на видеото).
- Врз секоја урма ставете по 1 лажичка путер од кикирики, а потоа и кикирики.
- Прелијте ги кикириките со чоколадото кое сте го стопиле.
- Оставете ги малку за чоколадото да се стврдне, а потоа послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ
„Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...