Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка

Направете си го сами омиленото летно мезе, чипс тиквички од рерна (со една тајна состојка) – без пржење, без маснотии, без јајца - вкусни и крцкави, ќе барате уште.

recept-za-chips-tikvichki-pecheni-i-krckavi-01.jpg

Ако сте љубител на чипс тиквички, имаме лесен рецепт кој ќе ви биде омилен за сите собиранки и летни ручеци/вечери.

Најважно е дека се прави без пржење и маснотии, туку се пече во рерна, но има неколку тајни состојки.

Потребни состојки:

  • 3 мали тиквички
  • 2 лажици маслиново масло
  • ¼ шолја инстант палента
  • ¼ лажица димена пиперка
  • ¼ лажица сол
  • ¼ лажица куркума
  • ½ лажица зелени билки/зачини

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Во меѓувреме исечете ги краевите на тиквичките и фрлете ги, а со помош на соодветно ренде со големо сечило, направете тенки крукчиња.
  • Ставете им маслиново масло, зачини и палента, па измешајте ги убаво.
  • Распоредете ги тиквичките на плех врз хартија за печење и потрудете се да не се многу едни врз други за да бидат покрцкави.
  • Напрскајте уште малку маслиново масло врз сите тиквички и печете ги 25 минути на 200 степени Целзиусови или додека не добијат златно кафеава боја на краевите.
  • Послужете ги со сос по желба.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg