Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат

Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте во овој здрав рецепт.

recept-za-vkusna-uzhina-so-grchki-jogurt-i-creshi-koja-decata-kje-ja-obozhavaat-01.jpg

Овој рецепт со цреши и грчки јогурт е одлична комбинација кога сакате да му подготвите здрава ужинка на вашето дете.

Црешите ќе му го дадат дополнителното освежување кое на сите ни е потребно ова лето, а во комбинација со грчки јогурт кој содржи протеини, калциум и многу малку шеќер, ќе добиете здрава и вкусна ужинка.

Потребни состојки:

  • 10 цреши, со извадена семка и исечкани
  • 90g грчки јогурт
  • 60g мазен путер од кикиритки, растопен на собна температура
  • 20g ленено семе

Начин на подготовка:

  • Ставете ги исечканите цреши и грчкиот јогурт во еден сад, па добро измешајте.
  • Во една голема чинија или послужавник ставете на повеќе места по една голема лажичка од црешите и јогуртот и така поделете ги на 10 дела.
  • Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат најмалку еден час (по можност и малку подолго).
  • Извадете ги од замрзнувачот и едната половина потопете ја во растопениот путер од кикиритки, потоа посипете со лененото семе.
  • Ставете ги уште малку во замрзнувач, барем еден час, па ќе бидат подготвени за консумирање.

recept-za-vkusna-uzhina-so-grchki-jogurt-i-creshi-koja-decata-kje-ja-obozhavaat-02.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава