Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се подготвуваат лесно од само неколку состојки.

Во сезоната на тиквички, подгответе го овој рецепт за полнети ролнички, кој, веруваме, ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- 260g пилешки гради (пресечени на тенки кругови)
- 130ml маслиново масло
- 1 чешне лук (ситно сечкано)
- Ситно исечкан магдонос (неколку гранчиња)
- Сол и бибер по вкус
- 300g лебни трошки
- 100g пармезан
- ½ лажичка сув рузмарин
Начин на подготовка:
- Во еден сад ставете ги лукот, магдоносот, рузмаринот, биберот и солта, па додајте го маслиновото масло и спојте ги сите состојки.
- Тиквичките измијте го убаво и исечкајте ги по должина (со лушпата). Посолете ги малку и оставете ги на страна да пуштат вода. Исцедете ги и поминете преку нив со хартиена крпа за да го впиете вишокот вода.
- Кога ќе бидат суви, премачкајте ги со маслиновото масло со зачини.
- Пржете ги на тивок оган за да омекнат малку.
- Кога ќе се оладат, преку секоја тиквичка ставете пилешки гради, така што парчињата салама ќе ги исечете да бидат со иста дебелина како тиквичката, па свиткајте ролна од секоја тиквичка.
- Наредете ги ролничките во подмачкана тава за печење.
- Одозгора наросете ги со лебните трошки кои сте ги споиле со пармезанот. По желба можете да изрендате и малку кашкавал најгоре.
- Печете околу 15 минути на 190 степени.
- Ролничките од тиквички послужете ги топли.


А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка
Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо
Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза
Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста
Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...