Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста

Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт со тиквички и кашкавал, кој се топи во устата.

fritata-so-tikvichki-i-kashkaval-vkusen-obrok-shto-se-topi-vo-usta-01.jpg

Дури и оние кои не се големи љубители на тиквички, ќе ја обожаваат оваа фритита со зеленчук и кашкавал.

Подготовката е едноставна, а јадењето е идеално за вечера или закуска кога ќе ви дојдат пријатели.

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 3 средно големи тиквички
  • 1 среден кромид
  • Зачини по вкус - сол, бибер
  • Малку маслиново масло
  • 30g рендан пармезан
  • 1 лажица лебни трошки
  • 100g чадена провола (или друг кашкавал, исечен на тенки резанки)
  • 3 јајца

Начин на подготовка:

  • Тиквичките измијте ги убаво и пресечете ги на тркалца, а кромидот на ситни коцкички.
  • Ставете ги во длабок сад, додадете маслиново масло и зачини по вкус и убаво измешајте.
  • Распоредете ги врз хартија во тава и ставете ги во рерна да се печат додека тиквичките да омекнат.
  • Во длабок сад ставете ги јајцата и ренданиот пармезан и изматете ги убаво со лажица.
  • Во смесата ставете ги омекнатите тиквички и кромид, и лебните трошки и повторно измешајте ја убаво целата смеса.
  • Половина од смесата ставете на дното на тава за печење обложена со хартија, убаво распоредете ја, па врз неа наредете ги ливчињата провола или друг кашкавал.
  • Најгоре ставете го вториот дел од смесата од јајца и тиквички.
  • Печете околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени или додека да не зарумени.
  • Послужете ја фритатата топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава