Кремаст чизкејк со кокос, без печење
Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чизкејкот со кокос е вистински избор.

За љубителите на кокос, овој колач е идеален десерт.
Не треба долго време за подготовка, а не се ни пече, што исто така, оди во прилог.
Потребни состојки:
За основата:
- 180g мелени бисквити
- 75g путер
За филот:
- 380g крем сирење
- 75g грчки јогурт
- 75g кокос
- 200g бело чоколадо
За украсување:
- 100g млечен крем од кокос
- 80g бело чоколадо
Начин на подготовка:
- Измелете ги бисквитите и спојте ги со путерот кој сте го стопиле на тивок оган.
- Смесата ставете ја во калап за торти и убаво натапкајте ја, а ставете тенок слој и на страните на калапот.
- Подгответе го филот. Во длабок сад ставете ги крем сирењето и грчкиот јогурт, па спојте ги со миксер.
- Додајте го и кокосот и мешајте додека убаво да се соединат.
- Белото чоколадо стопете го на пареа или во микробранова печка, па ставете го во смесата од крем сирење и грчки јогурт.
- Распоредете го филот рамномерно врз основата.
- Кремот од кокос спојте го со белото чоколадо, па смесата истурете ја врз филот.
- Оставете го чизкејкот најмалку 2 часа во фрижидер пред да го послужите (или преку ноќ за убаво да се стегне).
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...