Протеински појадок за енергетски почеток на денот
Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете денот со многу енергија... Како да го подготвите?

По овој вкусен и здрав протеински појадок долго време ќе бидете сити.
Комбинацијата на јајца со неколку видови зеленчук и сирење е толку добра, што ќе се заљубите во вкусот и ќе го подготвувате често.
Количините во рецептот се за 2 лица.
Потребни состојки:
- 6 јајца
- 1 шака беби спанаќ
- 3 лажици песто сос
- 150g шери домати
- 70g црни маслинки
- 30g фета сирење
- маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Садот за печење обложете го со мрсна хартија, а на дното ставете малку маслиново масло.
- Најдолу ставете го беби спанаќот, па искршете ги јајцата.
- Додадете ги пестото, шери доматите (исечкани на половина или на тркалца) и маслинките исечкани на тркалца.
- Посолете и додајте бибер по вкус, па промешајте благо со виљушка за да се соединат состојките.
- Најгоре ставете парченца фета сирење.
- Печете околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
- Послужете го појадокот топол.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...