За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста 

Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чоколадо и кафе? 

za-ljubiteli-na-kafe-braunis-kolachinja-shto-se-topat-vo-usta-01.jpg

Ако сте љубител на кафе и на чоколадни десерти, тогаш овие браунис колачиња се идеален избор за вас.

Доброто е што лесно се подготвуваат, нема месење, само мешање на сите состојки и печење.

Потребни состојки:

  • 220g путер
  • 250g шеќер
  • 150g кафеав шеќер 
  • 1/2 лажица сол 
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка инстант еспресо во прав 
  • 4 големи јајца, на собна температура
  • 120g брашно
  • 100g какао 
  • 1/2 лажица прашок за печиво 
  • 170g чоколаден чипс (по желба)

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. 
  • Стопете го путерот на средна температура, додека не добие златеста боја (5-7 минути). Оставете малку да се олади.
  • Во сад, измешајте ги стопениот путер, двата вида шеќер, солта, ванилата и еспресото во прав. 
  • Додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте ги добро. 
  • Постепено додавајте и мешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво. Додајте го и чоколадниот чипс ако го користите. 
  • Истурете ја смесата во тава на хартија за печење и печете 25-30 минути, или додека чепкалката која ќе ја боцнете не излезе без налепено тесто. 
  • Оставете да се излади и послужете пресечено на коцки. 

Видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...
Рецепт за здрави чоколадни браунис – се прават во блендер, вкусот е неодолив Сите состојки се здрави, се мешаат одеднаш во блендер и се става на печење - лес...
Сите „полудеа“ по виралниот јапонски чизкејк - Дали вреди да се проба? Невозможно е да имате социјални мрежи, а ниеднаш да не сте го виделе рецептот за...

Најчитани неделава