Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан

Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? Сигурни сме дека овој рецепт ќе ви се допадне...

vikend-recept-pileshko-meso-i-zelenchuk-kako-od-restoran-01.jpg

Вообичаено пилешкото месо подготвено дома, знае да остане жилаво и суво одвнатре и секогаш имате чувство дека нешто сте згрешиле во подготовката.

Со овој рецепт ќе подготвите вкусно и зачинето пилешко месо, за кое сите ќе мислат дека сте го нарачале од ресторан.

Потребни состојки:

За зеленчук:

  • 500g компири;
  • 200g кромид;
  • 1 црвена и 1 зелена пиперка;
  • 1 лажиче сол;
  • ½ лажиче црн бибер;
  • 15ml масло за готвење;

За пилешкото:

  • 1 кокошка;
  • 1 лажиче црвен пипер;
  • 1 лажиче сушена мајчина душица;
  • 1 лажиче кари;
  • 1 лажиче сол;
  • ½ лажиче црн бибер;
  • 70g стопен путер.

Начин на подготовка:

  • Компирите и коримидот се лупат се мијат и се сечкаат на четвртинки, па се ставаат во плех за печење;
  • Се додаваат пиперките исечени на крупни парчиња и се додаваат во плехот;
  • Зеленчукот се посолува, му се додава бибер и масло за јадење;
  • Кокошката се зема и се засекува прво на средината, па се раширува;
  • Со остар нож месото се засекува на повеќе места за да ги прими зачините;
  • Пилешкото се зачинува со црвен пипер, мајчина душица, кари, сол, бибер и се прелева со стопен путер;
  • Потребно е месото добро да се размачка со зачините;
  • Се става на решетка врз плехот со зеленчукот и заедно се ставаат да се печат на температура од 180 степени Целзиусови, околу 40-тина минути.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава