Лиснати погачици со сладок крем и вишни

Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го пробале?

lisnati-pogachici-so-sladok-krem-i-vishni-01.jpg

Лиснатите погачици, кои потсетуваат на чизкејк, се подготвуваат лесно.

Вкусот останува долго во устата и ве мами да изедете барем уште една...

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 50g крем сирење
  • 40g павлака
  • 150g шеќер
  • 1 јајце
  • Екстракт од ванила (неколку капки)
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица сок од лимон
  • 250g вишни (свежи или смрзнати)
  • шеќер во прав (малку за посипување)

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе го кремот. Во длабок сад ставете го крем сирењето и матете, па додадете 50g шеќер.
  • Кога ќе добиете хомогена смеса, додадете ги павлаката, јајцето и екстрактот од ванила.
  • Смесата распоредете ја во силиконски калапи (како на видеото) и ставете ја во замрзнувач најмалку 2 часа.
  • Расукајте го лиснатото тесто. Со поширока чаша или калап, исечете го на тркалца, па префрлете ги тркалцата врз плех за печење, обложен со хартија.
  • Оставете гуи тркалцата од тесто на собна температура за да нараснат.
  • Кога ќе се стегне филот во калапите, извадете ги и ставете по едно парче во средината на секое тркалце лиснато тесто.
  • Печете во загреана рерна додека тестото не добие убава златно жолта боја.
  • Испечените лиснати погачици оставете ги да се оладат, а во меѓувреме подгответе го филот од вишните (претходно исчистени од семка).
  • Во тенџере на загреана рингла ставете ги вишните и додадете 100g шеќер. Промешајте, па кога шеќерот ќе почне да се топи додајте и 1 лажица нишесте и сокот од лимон.
  • Варете на средна температура додека смесата да се згусне.
  • Ставете по 1 лажица од филот врз секое лиснато тесто.
  • На крајот посипете ги со малку шеќер во прав, но само врз тестото, а не и преку филот, па послужете ги.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава