Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил
Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со чоколаден фил. Звучи примамливо нели? Како да ги подготвите?

Со овој рецепт ќе добиете 12 поголеми мафини – идеални ако чекате гости, или ако сакате да направите десерт за два или повеќе дена.
Никој нема да ви верува дека сами сте ги подготвиле, а очекувајте сите да бараат репете.
Потребни состојки:
За мафините:
- 225g маргарин или несолен путер (на собна температура);
- 225g шеќер во прав;
- 4 поголеми јајца (благо изматени со миксер, на собна температура);
- 1 лажица прашoк за печиво;
- 1 лажица екстракт од ванила;
- 30ml млеко.
За полнење:
- Околу 2 лажици Нутела за секој мафин.
Крем за декорирање:
- 150g несолен путер (омекнат);
- 100g Нутела;
- 300g шеќер во прав (просеан);
- 30ml млеко.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 170 степени Целзиусови (150˚ ако користите вентилатор);
- Во длабок сад се става маргаринот или путерот, па се додава шеќер, брашнo, прашок за печиво, екстракт од ванила и млеко;
- Состојките се матат со миксер, додека да се добие изедначена смеса;
- Готовата смеса се распоредува во претходно премачкани калапчиња за мафини;
- Секое калапче се полни до половина;
- Мафините се печат на температура од 170˚ Целзиусови (или 150˚ Целзиусови ако користите вентилатор), околу 17 минути;
- За да бидете сигурни дека се готови проверете ги со чепкала;
- Во друг сад се става путерот и Нутелата и се матат со миксер додека да се изедначат;
- Се додава шеќер во прав и млеко, па се мати со миксер додека да се добие, еднаков фил;
- По печењето мафините се оставаат да одморат околу 15 минути, а потоа секој мафин се издлабува на средината и се полни со Нутела;
- На крај се декорираат со готовиот фил од Нутела и путер.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...