Чоколадни бомбици од смеса за готова торта

Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со Нутела и бело чоколадо.

chokoladni-bombici-od-smesa-za-gotova-torta-01.jpg

Понекогаш, десертот можете да го подготвите со менување на формата на веќе постоечки десерт, и со додавање на неколку состојки.

Па, пробајте да ги направите овие чоколадни бомбици, сигурно ќе ви се допаднат.

Потребни состојки (за 25-30 бомбици):

  • 1 кутија смеса за чоколадна торта (и состојките што ги пишува на кутијата за да ја направите тортата)
  • 100g Нутела
  • 250g стопено бело чоколадо

Начин на подготовка:

  • Подгответе го тестото за чоколадната торта според упатството на кутијата. Откако ќе го испечете, со виљушка раздробете го на ситни парченца (како песок).
  • Додадете ја Нутелата и убаво спојте ги двете состојки (замесите со рака).
  • Кога ќе добиете компактна смеса, направете топчиња и ставете ги во замрзнувач околу 30 минути.
  • Во меѓувреме, стопете го белото чоколадо, па во него извалкајте ги бомбиците.
  • Ставете ги врз решетка да се исцеди вишокот чоколади и да се стврдне.
  • По желба, украсете ги со малку стопена Нутела.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...

Најчитани неделава