Вкусно викенд мезе: Пица макало со потпечено зачинето лепче
Наместо да консумирате големи количества грицки додека уживате во часовите поминати со семејството, можете да подготвите брзо вкусно мезе, што ќе им се допадне на сите. Потребно е само да ги наредите состојките и да ги потпечете во рерна.

Овој рецепт ќе им се допадне на сите оние што се љубители на топеното сирење и на вкусот на пица.
Ќе ви се чини дека имате можност да го јадете само преливот од пица, без да бидете принудени да консумирате големи количества тесто.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
- 500g крем-сирење;
- 1 лажица оригано;
- ½ лажица лук во прав;
- ½ лажица сол;
- ½ лажиче црн бибер;
- 1 тегла маринара сос;
- 220g рендана моцарела (или кашкавал);
- 24 крукчиња кулен;
- 1 леб багет
- 1 чешне лукче.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 150 степени Целзиусови;
- Во длабок сад се меша крем-сирењето со зачините, па потоа се распоредува на длабок плех за печење;
- Врз крем сирењето се распоредува маринара сосот;
- На крај се распоредува рендана моцарела или кашкавал и се редат крукчињата кулен;
- Макалото се става во рерна да се потпече на температура од 150 степени Целзиусови, од 30 до 40 минути, или додека да добие златно кафена боја;
- Лепчето се сече на парчиња и се потпекува, па по желба може да се протрие со чешне лукче.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...