Потпечено пилешко со брокули и пармезан

Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко...

potpecheno-pileshko-so-brokuli-i-parmezan-01.jpg

Ако немате идеја за ручек, а сте љубител на брокули, пробајте го овој рецепт - сочен и вкусен, ќе ви се допадне уште со првиот залак.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 300g брокула
  • 1 големо парче пилешки гради (или 2 помали)
  • 4 јајца
  • По вкус сол и бибер
  • 100ml павлака
  • 150g кашкавал
  • 1 главица кромид
  • 1 домат
  • 50g пармезан

Начин на подготовка:

  • Измијте ја брокулата и одвојте ја на „цветови“ кој ќе ги наредите на дното на огноотпорна тава за печење.
  • Пилешките гради исечкајте ги на коцки.
  • Јајцата искршете ги во длабок сад и изматете ги со виљушка, посолете ги и ставете бибер по вкус.
  • Во смесата додајте 100ml неутрална павлака, а потоа и рендан кашкавал.
  • Убаво промешајте и кога ќе се соединат состојките, во смесата додадете го и пилешкото.
  • Истурете го пилешкото врз брокулата, на најгоре ставете тркалца кромид и тркалца домати (како во видеото).
  • Врз доматите ставете малку рендан пармезан.
  • Печете во загреана рерна околу 50 минути (со чепкалка проверете дали е месото испечено).
  • Оставете да остине, па послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава