Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет

Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ѝ одолеете.

recept-za-sochna-shtrudla-so-jabolka-i-cimet-01_1.jpg

Постојат десетици различни начини да подготвите пита со јаболка.

Но овој рецепт за сочна штрудла со цимет и кори премачкани со млеко и путер, ќе го обожавате.

Подготовката е лесна и се спрема релативно брзо.

Потребни состојки:

  • 8 јаболка (околу 1,5kg)
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 125g путер
  • 100ml млеко
  • 10 тенки коли за пита
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  • Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во длабок сад во кој ќе додадете шеќер, цимет и ванилин шеќер.
  • На загреана рингла во тенџере, ставете го млекото, па кога ќе се стопли, додајте го и путерот да се стопи. Ова е смесата за премачкување на корите.
  • Земете 2 кори (другите нека бидат покриени за да не се исушат и да не распукаат) и премачкајте ги со смесата од млеко и путер, и ставете ги една врз друга.
  • Со раце земете околу 1/5 од смесата од јаболка, исцедете ја и поголемиот дел распоредете го преку корите.
  • Еден дел ставете на дното, од едниот до другиот крај на кората (како во видеото), а потоа свиткајте ги во форма на ролат.
  • Краевите свиткајте ги навнатре за јаболката да не испаѓаат од корите и ставете ја штрудлата во плех за печење, подмачкан со малку масло.
  • Повторете ја постапката со останатите 8 кори.
  • Кога ќе ги наредите сите во плехот, премачкајте ги со смесата од путер и млеко.
  • Печете во загреана рерна 30-40 минути, т.е додека не поруменат.
  • Кога ќе ја извадите испечената штрудла, оставете ја да се излади, а потоа посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава