Рецепт за крем-супа од тиква – идеална за да ве стопли во есенските денови

Знаете ли како се подготвува крем-супа или потаж од тиква? Потребни ви се само неколку состојки и ќе имате идеален оброк за есенските денови.

recept-za-krem-supa-od-tikva-idealna-za-da-ve-stopli-vo-esenskite-denovi-01.jpg

Оваа едноставна зеленчукова супа се подготвува мошне лесно, а ќе им се допадне на сите оние што сакаат да пробаат нешто ново и поинакво.

Како да направите кремаста супа од тиква, која уште се нарекува и потаж, и да ги изненадите најблиските?

Потребни состојки:

  • 230g тиква – излупена и исечкана на коцкички;
  • 2 компири – со средна големина, излупени и исечкани;
  • 2 моркови – излупени и исечкани на коцкички;
  • 1 кромид – излупен и исечкан на коцкички;
  • 10g путер (или маслиново масло);
  • ½ лажичка сол;
  • ½ лажичка црн бибер;
  • 500ml – вода;
  • Зачини по вкус;
  • 50ml павлака за готвење.

Начин на подготовка:

  • Исечканите тиква, компири и моркови се ставаат во длабоко тенџере и се прелеваат со вода;
  • Зеленчукот се вари на оган со средна температура додека целосно да омекне;
  • Во тавче на путер, или маслиново масло се пропржува кромидот додека не стане проѕирен;
  • Кромидот се додава на сварениот зеленчук и сè заедно се пасира со рачен блендер;
  • Кога ќе се добие изедначена смеса, се додава сол, црн бибер, зачини и павлака за готвење;
  • Супата се враќа на огин да зоврие и се служи топла;
  • По желба можете да додадете буковец, или други лути зачини и ливчиња од целер.

recept-za-krem-supa-od-tikva-idealna-za-da-ve-stopli-vo-esenskite-denovi-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава