Дубаи чизкејк, по рецепт на Давор (Dave’s kitchen)

Чизкејк со крцкава основа, кремаст фил и богат вкус на ф`стаци. По Дубаи чоколадото, хит десерт за крајот на годината е и Дубаи чизкејк.

dubai-chizkejk-po-recept-na-davor-dave-s-kitchen-01.jpg

По Дубаи чоколадото, вистински хит стана и Дубаи чизкејк, а рецептот масовно се споделува на социјалните мрежи.

На своите профили на социјалните мрежи рецептот за подготовка на овој хит десерт го објави и нашиот познат готвач Давор Панчевски, попознат како Dave’s Kitchen.

Погледнете како се подготвува:

Потребни состојки:

За основа:

  • 200g печен или испржен кадаиф;
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер;
  • 4 лажици крем од ф`стаци;
  • 4 лажици путер (стопен);
  • 100g мелени бисквити.

За фил:

  • 200g крем сирење;
  • 400ml слатка павлака;
  • 1 лажичка екстракт од ванила;
  • 300g крем од ф`стаци;

За глазура:

  • 200g темно чоколадо;
  • 100ml слатка павлака.

Начин на подготовка:

  • Кадаифот се става во длабок сад, па се додава стопен путер и крем од ф`стаци;
  • Состојките се мешаат, па се ставаат во плех и се стиснуваат додека да се формира кора;
  • Во длабок сад се става слатка павлака, крем сирење, екстракт од ванила и состојките се матат со миксер;
  • Кога ќе се добие готов шлаг, се додава крем од фстаци и се мати со миксер додека да се изедначат состојките;
  • Кремот се става врз кората од кадаиф и се израмнува;
  • Темното чоколадо се става во слатка павлака и се загрева додека да се стопи;
  • Готовиот чизкејк се прелева со чоколадна глазура и се става во ладилник за да се стегне.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава