Најлесниот рецепт за божиќно венче од ѕвезди полнети со чоколадо

Се прави со готово лиснато тесто, се мачка чоколаден крем, а исечените форми се редат во круг и имате превкусен божиќен десерт.

najlesniot-recept-za-bozhikjno-venche-od-dzvezdi-polneti-so-chokolado-01.jpg

Ако сакате (пред)празничната трпеза да ја збогатите со тематски специјалитети, а не сакате да изгубите многу време, овој рецепт е идеален.

Вкусен десерт кој се прави многу лесно и нема опција да не ви излезе добро.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња готово лиснато тесто (се продаваат смрзнати)
  • Нутела или друг чоколаден крем со лешник (количина по желба)
  • 1 жолчка за премачкување
  • Шеќер во прав за наросување

Начин на подготовка:

  • Одвиткајте го едното парче тесто врз хартија за печење и истурете колку што сакате крем и размачкајте го убаво насекаде.
  • Ставете го одозгора второто парче тесто, притоа внимавајќи да се поклопи подеднакво со долното.
  • Исечете го тестото со калапи во форма на ѕвезда (или во друга новогодишна форма ако имате), а доколку имате и помал калап, направете неколку малечки за одозгора.

    najlesniot-recept-za-bozhikjno-venche-od-dzvezdi-polneti-so-chokolado-04.jpg
  • На нова хартија за печење исцртајте со молив круг со помош на кружен калап или тава, за да ги редите ѕвездите во правилен круг.
  • Наредете ги ѕвездите следејќи ја линијата на кругот и притоа, ставајте ги малку една врз друга со дел од краците.
  • Премачкајте со жолчка измешано со малку шеќер во прав и ставете да се печат 15-20 минути на 200°C во претходно загреана рерна.

    najlesniot-recept-za-bozhikjno-venche-od-dzvezdi-polneti-so-chokolado-05.jpg
  • Декорирајте по желба со панделка или друг украс и послужете во убава празнична чинија.

Видео постапка:

М. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот рецепт за домашен леб без месење Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...

Најчитани неделава