Најлесниот рецепт за домашен леб без месење
Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецепт е измислен за вас. Вкусен за јадење без никакви додатоци, ќе ви стане омилен.

Факт е дека домашниот леб е највкусен и не може ништо да се спореди со тазе топло лепче – однадвор крцкаво, а внатре меко.
Но, ако немате вештини за месење или не сакате да поминувате многу време во подготовка, имаме идеален рецепт за вас.
Само треба добро да ги измешате состојките додека да се соединат без грутки, да оставите да нарасне и да ставите на печење.
Изгледа како селските лебови направени од нашите баби на времето, а вкусот е неодолив и може да го јадете без ништо.
Потребни состојки:
- 500g брашно тип 400
- 400ml млака вода
- 2 лажички сув квасец
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- Малку масло
Начин на подготовка:
- Во сад ставете половина од брашното, додадете квасец, шеќер, сол и вода.
- Мешајте постојано за смесата да нема грутки, а потоа постепено додавајте го остатокот од брашното, без да прекинете да мешате додека не се соедини.
- Оставете го тестото покриено да нарасне.
- Ставете го тестото во тепсија (по можност округла и подлабока) врз хартија за печење.
- Ставете малку масло и оставете уште 30 минути да нарасне.
- Печете во загреана рерна на 250 степени Целзиусови, а по 10 минути намалете ја температурата на 180-200 степени, па печете уште 45 минути.
Кликнете на видеото за да ја погледнете постапката:
M. M. | Црнобело
