Турски специјалитет: Потпечени палачинки, полнети со пилешко

Ако никогаш досега не сте ги подготвиле палачинките на овој начин, уште викендов пробајте го овој турски рецепт, нема да се покаете.

turski-specijalitet-potpecheni-palachinki-polneti-so-pileshko-01_copy.jpg

Сакате да ги јадете и благи или солени - но дали некогаш сте пробале палачинки полнети со пилешки сос, кои се печат во рерна?

Овој турски рецепт се подготвува многу брзо и лесно, а може да го послужите како ручек или вкусно предјадење.

Потребни состојки:

За филот:

  • 500g пилешки гради
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 2 домати
  • 1 лажица паста од домати
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка бибер
  • Оригано и сол по вкус
  • Околу 1 шолја топла вода

За бешамел сос:

  • 1 лажица путер
  • 3-4 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • 2 чаши млеко
  • Сол и бибер по вкус

За наросување:

  • Рендан чедар кашкавал

Начин на подготовка:

  • Направете 6 палачинки, според вашиот вообичаен рецепт.
  • Откако ќе ги испржите палачинките, исечкајте го пилешкото на ситни коцки и препржете го во врела тава, додека не порумени (5-6 минути).
  • Во тавата додадете ги пиперките, кромидот и лукот, сите исечкани на ситни коцкички.
  • Кога ќе омекнат, додајте ги зачините, доматите и доматната паста, па оставете ја смесата да крчка додека не испари сокот од доматите.
  • Потоа, додадете ја топлата вода и оставете го да се готви со затворен капак додека месото и зеленчукот не ја впијат водата.
  • Во меѓувреме, подгответе го бешамелот - путерот и маслото растопете ги на загреана рингла, па додадете го брашното и пропржете.
  • Кога смесата ќе се згусне, ставете го млекото и мешајте без престан. Додајте сол и бибер, па тргнете го сосот на страна.
  • Во шолја за кафе или мала длабока чинија, ставете ја палачинката (како во видеото).
  • Прво ставете 1 лажица бешамел сос, па 2-3 лажици од пилешкото и свиткајте ја палачинката во вид на снопче.
  • Сите палачинки наредете ги во подмачкана тава за печење.
  • Одозгора налејте ги со преостанатиот бешамел сос, па наросете ги со изренданиот чедар кашкавал.
  • Печете во рерна на 180 степени додека не зарумени.
  • Послужете ги топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава