Рецепт за руска салата за новогодишните празници

Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашните им велат дека ја прават „од око“.

recept-za-ruska-salata-za-novogodishnite-praznici-01.jpg

Има вистина во тоа дека традиционалната кремаста руска салата, која е омилена за време на празниците во зима, домаќинките ја прават од око.

Но сепак, дури и за тоа, потребно е да се снабдите со одредена количина на потребни намирници.

И реалноста е дека во речиси секое домаќинство има различни рецепти за руска салата, некаде има некоја состојка плус, некаде нешто воопшто не се става, но ние имаме наш фаворит. 

Но, во „кујната на мама“ најдовме стар тефтер со рецепт со точни состојки, но зависно каква ќе испадне, на лице место може да додадете или одземете нешто, по ваш вкус (и секако зависно потребната количина).

Потребни состојки:

  • 3 варени мали компири
  • 3 варени моркови
  • 200g грашок од конзерва (исцеден)
  • 400g шунка или салама по ваш вкус
  • 400g кашкавал
  • Мала тегла кисели краставички
  • Голема тегла мајонез
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Ставете ги компирите и морковите да се варат, а во меѓувреме ситно, на мали коцки, исечкајте ги кашкавалот, саламата и краставичките.
  • Кога ќе се сварат, исечкајте ги и морковите и компирите, колку што е можно поситно.
  • Ставете ги сите состојки во голем сад и истурете половина тегла мајонез во садот.
  • Измешајте ги добро состојките, за мајонезот убаво да се соедини и распореди насекаде, а потоа додавајте лажици мајонез зависно колку сакате да биде ретка/густа.
  • Посолете по вкус, почесто пробувајте за да не ја пресолите. 
  • При сервирање во помали садови, секогаш намачкајте малку мајонез одозгора, за да не се исуши салатата и да го изгуби кремастото својство додека стои на маса.

recept-za-ruska-salata-za-novogodishnite-praznici-02.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава