Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки
Њоки од компири
Потребни состојки:
- Жолчки од 2 јајца
- 1kg компири
- 300g брашно
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка
- Излупете ги компирите, сварете ги во солена вода и од нив направете пире. Додајте сол и бибер по вкус.
- Додајте ги жолчките во пирето, па постепено додавајте го брашното.
- Замесете тесто – треба да биде еластично.
- Поделете го тестото на 3-4 дела и изролајте го секој дел со дебелина до 2-3 сантиметри.
- Исечете мали парчиња, со големина колку њоки.
- Доколу сакате, можете да го втиснете секое парче на виљушка, како декорација, но ова не е неопходно.
- Варете ги њоките во солена, зовриена вода, околу две минути – кога ќе испливаат на површината се сварени.
- Сервирајте ги со омилениот сос за тестенини.
Сладок крем со лимон
Потребни состојки:
- Жолчки од 4 јајца
- 1 голем лимон
- 75g шеќер
- 60g путер
Начин на подготовка:
- Изрендајте го лимонот и исцедете го.
- Во тенџере/тавче за сос измешајте ги сокот од лимон, кората, жолчките и шеќерот.
- Гответе ја смесата на тивок оган, додека да згусне, нежно мешајќи со маталка.
- На крај додајте го путерот, измешајте го, послужете го кремот во чаши и оставете да се излади.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...