Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки
Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем од лимон.

Некои рецепти бараат само белки, а некои само жолчки.
А, ако готвите нешто вакво и немате идеја што да првите со делот од јајцата што ќе ви остане, веруваме ќе ви се допаднат следниве четири рецепти.
2 рецепта со белки:
Тесто за поховање
Потребни состојки:
- Белки од 2 јајца
- 150ml вода
- 50g брашно
- 20g нишесте
- Пола лажица сол
Начин на подготовка:
- Изматете ги белките со сол додека не станат малку пенести, па полека додајте јa водата.
- Додајте брашно и нишесте, и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
- Тестото можете дa го користите за поховање пилешко, зеленчуци и слично.
Протеински омлет
Потребни состојки:
- Белки од 4 јајца
- 150g шунка
- 100g кашкавал
- 100g спанаќ
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги спанаќот и шунката и изрендајте го кашкавалот.
- Изматете ги белките со малку сол, додајте ги останатите состојки и додајте малку бибер.
- Испржете го омлетот во тава со малку масло.
2 рецепта со жолчки на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...