Рецепт за домашен леб со лук и кашкавал

За сите оние кои обожаваат печива и мирис на тазе испечен леб - ова е совршен рецепт (особено во зима).

domashen-leb-so-luk-i-kashkaval-01.jpg

Наместо да купувате леб, можете самите да го замесите дома.

Но, овој рецепт не е класичен, туку содржи лук, кашкавал и магдонос.

Се подготвува едноставно и брзо, па пробајте го што поскоро - нема да згрешите.

Лебот се пече во калап е 35х15cm.

Потребни состојки:

За сосот:

  • 1,5 лажица брашно
  • 100ml млеко

За тестото:

  • 300g брашно
  • 100ml млеко
  • 40g крем сирење (2 лажици)
  • 6g сув квасец (2,5 лажички)
  • 1 лажица шеќер
  • 1 јајце
  • 20g путер на собна температура
  • 1 лажичка сол

За филот:

  • 1 главица лук
  • Малку маслиново масло
  • 70g путер
  • Неколку гранчиња свеж магдонос
  • 100g кашкавал (по можност чедар)

Начин на подготовка:

  • Најпрво направете го сосот - соединете ги брашното и млекото во тенџере и варете додека не добиете смеса налик на пудинг.
  • Тргнете го тенџерето од ринглата и оставете смесата да се излади.
  • Подгответе го и филот - лукот сосе лушпите ставете го во фолија, прелијте со маслиново масло и затворете го, па ставете го во загреана рерна да се испече/омекне.
  • Путерот нека биде на собна температура, па во него ставете го омекнатиот лук.
  • Ситно исечкајте го магдоносот, измешајте го со лукот и путерот и филот за премачкување е готов.
  • Во длабок сад ставете го брашното, направете дупка во средината, додајте го квасецот, шеќерот, топлото млеко и почекајте да се активира квасецот (околу 5 минути).
  • Потоа додајте ги останатите состојки, вклучувајќи го и кашестиот сос (само не го ставајте путерот) и замесете го тестото.
  • Кога смесата ќе се изедначи, додајте го путерот и уште еднаш премесете го.
  • Оставете го да нарасне, а потоа расукајте го во вид на квадрат 30х30 cm.
  • Тестото премачкајте го со филот од лук и врз него додадете изрендан чедар.
  • Поделете го на 16 еднакви делови, ставете ги еден врз друг, па потоа наредете ги во калапот за печење.
  • Прво печете на 200 степени, но кога ќе зарумени, намалете ја температурата на 180 степени.
  • Пред да го извадите лебот, наросете го одозгора со уште малку чедар.
  • Оставете го да се излади пред да го послужите.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Домашен мармалад од кајсии, по рецепт на мајка ми – направивме 5 тегли во еден ден, во стан Кога бевме помали, баба ми го правеше најубавиот мармалад од кајсии, а сега мајк...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...

Најчитани неделава