Рецепт за здраво мезе: Крцкава брокула со кашкавал

Ако немате идеја за здраво мезе, тогаш овој рецепт ќе ви се допадне. Згмечена брокула потпечена на основа од кашкавал - ќе барате парче плус. 

recept-za-zdravo-meze-krckava-brokula-so-kashkaval-01.jpg

Независно дали сте љубител на брокула или не ви е омилена, но сакате да ја консумирате, овој рецепт со сигурност ќе ви стане омилено мезе. 

Се прави многу лесно, изгледа необично, а вкусот ќе ви остане во сеќавање долго после тоа. 

Потребни состојки:

  • 1 брокула со средна големина
  • 200g моцарела и кашкавал (мешано и рендано)
  • Зелени зачини
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
  • Пресечете ја брокулата на 6 китки и сварете ја 10-15 минути додека малку не омекне. Исцедете ја и тргнете ја настрана.
  • На плех со хартија за печење, ставете на 6 места од мешавината со сирење и кашкавал, во кружна форма и зачинете со зелени зачини одозгора.
  • Врз тоа наредете по едно парче од брокулите, па со помош на дното од чаша или тегла, нежно згмечете го секое парче додека малку не се израмни и да се залепи за кашкавалот.
  • Зачинете ги брокулите со сол и бибер по вкус, па одозгора ставете уште малку од мешавината со кашкавал за да биде уште покрцкава.
  • Ставете да се печат 15-20 минути, додека кашкавалот добие златна боја и да стане крцкав.
  • Послужете ги крцкавите брокули топли со бел сос за макање по желба.

 recept-za-zdravo-meze-krckava-brokula-so-kashkaval-02.jpg

-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...

Најчитани неделава