Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за подготовка, а им успева на сите.

Многумина сметаат дека исхраната во деновите на пости им е ограничена бидејќи не можат да јадат сè.
Иако од една страна тоа е точно, во реалноста сепак можете да ги измодифицирате рецептите на многу омилени јадења и да ги подготвите во посна варијанта.
Еден од тие рецепти е и оној за проја.
Доколку сте љубител на пројата, пробајте го овој рецепт, кој им успева на сите.

Потребни состојки (се мери во шолја од 250ml):
- 2 шолји пченкарно брашно
- 1 шолја пченично брашно
- 1 шолја бело брашно
- 2 шолји кисела вода
- ½ шолја масло
- 15g прашок за пециво
- 1 полна лажичка сол
- 3 струка ситно сечкан праз
- Сусам за посипување

Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги трите вида брашно, пецивото и солта. Додајте ги маслото и водата.
- Кога ќе добиете компактна смеса, додајте го празот, па повторно промешајте.
- Со масло премачкајте го калапот за мафини (или ставете хартиени калапи, па распоредете го тестото рамномерно.
- Посипете со сусам.
- Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...