Сочни шницли во сос од сенф и павлака

Ручек подготвен во една тава за целото семејство - прсти да излижете!

sochni-shnicli-vo-sos-od-senf-i-pavlaka-01_1.jpg

Ако сте љубител на свински шницли, овој рецепт е совршен за да ги подготвите најмеките и најсочни шницли што некогаш сте ги јаделе.

Нема да се покаете што ќе ги зготвите.

Потребни состојки:

  • 500g тенки свински шницли
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици брашно
  • 200ml млеко
  • 200g кисела павлака
  • 500ml вода
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Свинските шницли посолете ги и премачкајте ги со сенф од двете страни.
  • Пржете ги на врело масло, па кога ќе заруменат малку, тргнете ги шницлите на чинија.
  • Во истото масло продинстајте го кромидот, па кога ќе омекне, вратете ги шницлите и додадете вода.
  • Оставете се да се динста околу 45 минути на средна температура.
  • За тоа време подгответе го сосот - во млекото додадете 2 лажици брашно и павлаката и изматете сè за да нема грутчиња.
  • Месото повторно извадете го од тавата, а во сосот во кој се динстале шницлите, ставете ја смесата од млеко и павлака.
  • Оставете да се вари, мешајќи околу 5 минути, па вратете ги шницлите и динстајте околу 10 минути за да се соедини.
  • Послужете ги топли (со ориз или компири). По желба, наросете со малку магдонос.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за сочни пилешки крилца со барбекју сос, во AirFryer Рецепт за највкусните и најсочните пилешки крилца направени во Air Fryer - потоп...

Најчитани неделава