Рецепти за 3 брзи велигденски салати со јајца, освен популарната „Мимоза“

Кремаста зелка салата со јајца или таратор сервиран со варени јајца - неколку нови идеи за брзинска подготовка на велигденски салати со јајца, ако ви се здосади класичната Мимоза и свежата марула салата. 

recepti-za-4-brzi-veligdenski-salati-so-jajca-osven-popularnata-mimoza-01.jpg

Редената Мимоза, но и свежата марула салата со краставички и варени јајца се класика за Велигден и трпезата не проаѓа без нив. 

Но, ако сакате да смените нешто или да дополните некоја кремаста велигденска салата, имаме неколку предлози за вас. 

Се подготвуваат брзо и лесно, со состојки кои веројатно ги имате веќе испазараено за ручекот. 

Зелка салата со сечкани белки и прелив од жолчка

Потребни состојки:

  • Една зелка
  • Една краставица
  • 4-5 варени јајца
  • Неколку лажици павлака или грчки јогурт
  • Една лажица мајонез
  • Копар и зачини

Начин на подготовка:

  • Исечкајте ја ситно зелката, белките од јајцата и крастивицата и ставете ги во длабок сад.
  • Во посебен сад измешајте ги жолчките, павлаката, мајонезот и копарот и соединете ја смесата додека не добиете прелив.
  • Прелијте ја салатата, зачинете со сол по вкус и измешајте.

Видео постапка:

@dinascooking

Creamy Egg & Cabbage Salad #creamysalad #eggsalad #cabbagesalad #salad #salads #vegtablesalad #like #share #follow #food #foodie #foodblogger

♬ Life - Official Sound Studio

Крем салата со јајца и кисели краставички

Потребни состојки:

  • Неколку варени јајца
  • Неколку кисели краставички
  • Малку кромид, ситно сечкан
  • Павлака
  • Сенф
  • Лимонов сок
  • Магдонос
  • Сол

Начин на подготовка:

  • Сите состојки треба да бидат ситно исечкани, ги мешате со течните состојки и зачините во еден сад, додека не добиете кремаста смеса. По потреба, додавате од што мислите дека е потребно повеќе за текстура или вкус.

Видео постапка:

@eatsmarter_de

Du hast noch bunte Eier von Ostern übrig? 🤓 So kannst du sie verwerten! 🤌 #eiersalat #ostern #eier #resteverwertung #foodtiktok

♬ Aesthetic - Tollan Kim

Таратор сервиран со варени јајца

Потребни состојки:

  • Краставица
  • Младо кромитче и лукче
  • Павлака
  • Малку мајонез
  • Варени јајца
  • Сол, бибер и копар

Начин на подготовка:

Краставицата исечете ја на ситни парчиња, измешајте ја со павлака, мајонез и зачини, сервирајте ја во убава чинија и одозгора наредете варени јајца сечени на кругови.

recepti-za-4-brzi-veligdenski-salati-so-jajca-osven-popularnata-mimoza-.jpg

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кифлички со маслинки и морков по турски рецепт - ќе ги обожаваат сите Турските јадења и рецепти се многу прифатени и во нашата кујна, па можеби веќе и...

Најчитани неделава