3 идеи за храна со која ќе ја украсите велигденската трпеза
Велигденската трпеза е веќе подготвена, но, како да ви недостига нешто за да ја збогатите (барем визуелно)? Овие 3 идеи се одлични, а се подготвуваат „за час“.

Зготвивте сè за велигденската трпеза, ги обоивте јајцата и ви остана само уште да ја наредите храната на масата и да седнете со семејството на празничен ручек.
Но, ако имате малку време, а сепак сакате ја збогатите самата трпеза (и со храна и визуелно), тогаш ви предлагаме да направите една од овие три идеи - не одземаат многу време, па состојките за нив сигурно веќе и ги имате дома.
„Пилиња“ со морков
Потребни состојки:
- 300g крем сирење
- 150g шунка
- 80g потпечен сусам
- Сол по вкус
- 2 моркова
- зрна бибер

Начин на подготовка:
- Измешајте ги крем сирењето, шунката рендана на ситно, потпечениот сусам и посолете по вкус.
- Кога ќе ја соедините убаво смесата направете топчиња.
- Изрендајте ги морковите на ситно, па извалкајте го секое топче во нив.
- Ставете зрна бибер како очи на пилето и направете клун од морковот (како во видеото).
- Оваа количина е доволна за околу 12 топчиња.
Видео постапка:
Уште две на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...