7 идеи за брзи и лесни специјалитети на скара, за првомајските собири
Ако ви здосади обичната трпеза со класична скара, можете целосно да ја замените со други специјалитети како ракчиња на ражнич, или барем да ја збогатите трпезата со неколку вкусни прилози кои се подготвуваат брзо и лесно на скара.

Ако сте љубители на храна подготвена на скара, тогаш имаме неколку предлози со кои ќе ја разиграте класичната трпеза.
Можете целосно да го замените добро познатото мени, или на вашите омилени јадења, да додадете неколку од овие специјалитети кои се брзи, лесни и вкусни.
Идеи за вкусни јадења што може да ги подготвите на скара:
Веге ражничи од секаков тип на зеленчуци во сите бои

Ражничи со морски плодови, најдобро ракчиња (може да се додаде ананас по желба)

Шарена даска од зеленчуци на скара (тиквица, домат, морков, пченка, аспарагус, модар домат итн.) – сечкани на кругови или ленти

Ражничи од сирење сечкано на коцки или ленти (може да се додаде лепче, шери домат и балсамико)

Пилешки ражничи со многу чешниња лук и пармезан (се премачкува со маринада од стопен путер измешан со сечкан лук и пармезан)

Ражничи од печурки со зачини

Гриловани клавчиња пченка со сос – пресечени на пола и ставени на ражнич или сечени на ленти по должина како мини ребренца

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо
Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење
Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Во кујна со Стефан Спирковски - Рецепт за здрави и брзи јапонски палачинки
Рецептите кои ги подготвува Стефан се со малку калории, лесни за подготовка и зд...