Рецепт за шпагети карбонара на италијански начин

За љубителите на италијанската кујна подготвивме рецепт за омилените шпагети карбонара, подготвени токму на италијански начин.

recept-za-shpageti-karbonara-na-italijanski-nachin-01.jpg

Иако многумина различно ги подготвуваат шпагетите карбонара, тајната на италијанскиот рецепт е во крцкаво испржената сланина и сосот од жолчки кој е кремаст и течен.

Како да ги подготвите како вистински Италијанци?

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 3 жолчки од јајца или 4 ако се помали
  • 50g пармезан
  • Бибер по вкус
  • 1 пакување шпагети
  • 100-150g ситно сечкана сланина

Начин на подготовка:

  • Сварете ги шпагетите според упатството на кесичката.
  • Сланината исечкајте ја на коцкички, па ставете ја во студена тава и почнете да ја пржите за самата да пушти масло од мрсниот дел.
  • Додека се прижи, направете го кремот од жолчки.
  • Во длабока чинија ставете ги само жолчките од јајцата, бибер по вкус и изренданиот пармезан.
  • Спојте ги, па додадете малку од маснотијата што ја пуштила сланина и малку од водата во која ги варевте тестенините.
  • Кога ќе бидат сварени шпагетите, извадете ги од водата и ставете ги во тавата во која сте ја пржеле сланината.
  • Прелијте ги шпагетите со сосот од јајца и мешајте без престан за да се соединат.
  • Доколку смесата е густа, додајте уште само малку од водата во која ги варевте шпагетите.
  • На крајот додајте ја и сланината.
  • Шпагетите карбонара послужете ги топли, а одозгора додадете уште малку крцкава сланина и рендан пармезан.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава