Кремаста тирамису торта, совршен десерт за секој ден
Спојот на какао, кафе и маскарпоне за многумина е вистинско совршенство. Ако и вам ви се допаѓа овој вкус, направете ја оваа лесна тирамису торта.

Мекото тесто и кремот од маскарпоне, дополнети со лесниот вкус на кафе и какао, имаат навистина неодолив вкус.
Тортата се подготвува многу лесно, а се јаде уште побрзо.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки (тава за печење од 22cm):
За тестото:
- 3 јајца
- 120g шеќер
- 30g какао
- 170g брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 80g масло
- 100g млеко
- Малку ванила
- Прстофат сол
Крем од маскарпоне:
- 2 јајца
- 250g маскарпоне
- 50g шеќер
- 25ml вода
За преливот:
- 2 лажици нескафе или еспресо попарени со 150ml вода
- Горчливо какао за наросување
Начин на подготовка:
- Изматете ги јајцата со шеќерот за да добиете убава пенеста смеса.
- Додадете ги масло и млеко, а потоа преку цедалка просејте ги брашното, какаото и прашокот за пециво.
- Изматете ги состојките со лажица, а кога ќе добиете мазна смеса, ставете ја во тавата и печете на 180 степени околу 20 минути.
- Почнете со подготовка на кремот.
- Најпрво направете сируп од шеќерот и водата - ставете ги во тенџере и кога ќе почнат да се прават меуерчиња, тргнете го сирупот на страна (да не се карамелизира).
- Одвојте ги белките од жолчките. Во длабок сад ставете ги белките и матете ги за да станат пенести, па тргнете ги на страна.
- Жолчките почнете да ги матите со миксер, па во нив полека ставете го сирупот од шеќер и вода кој веќе се оладил.
- Кога ќе добиете мазна смеса, ставете го маскарпонето и мешајте без престан, а потоа додадете ги и изматените белки.
- Испеченото тесто прелијте го со топло кафе, кое сте го направиле од 2 лажици нескафе или еспресо, прелиени со 150ml вода.
- Сега, во средината ставете го филот од маскарпоне и јајца, а најгоре наросете го со горчливо какао.
- Оставете го неколку часа во фрижидер, а потоа послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак
Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...