Рецепт за вкусен ручек – комбинација од мусака и полнети пиперки
Ако сте љубител на традиционалната мусака и полнети пиперки – овој рецепт е измислен за вас. Се прави лесно, комбинација е од двете, а одозгора има потпечен кашкавал.

Понекогаш сите сакаме да направиме нешто поразлично за ручек, но да се задржиме до традиционалните, вкусни ручеци.
Овој рецепт е токму тоа – комбинација од две традиционални јадења.
Ако го обожавате вкусот на мусака и полнети пиперки, сега може да ги вкусите двете одеднаш, во нова верзија (и без оризот), со потпечен кашкавал.
Потребни состојки:
- 250g компири
- Вода
- 3 главици кромид
- 600g мелено месо
- Црвена пиперка за полнење
- 10g лук
- 1 домат
- 70g доматен сос
- Зачини – сол, црвен пипер, бибер
- 15g магдонос
- 120g кашкавал
- 3 кругови домат
- Оригано
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите, исечете ги на кругови и ставете малку да се сварат (додека малку да омекнат, но не премногу за да не се распаднат), а потоа истурете ги и наредете ги во сад за печење.
- Во тава, пропржете сечкан кромид и мелено месо, а потоа додадете ја и сечканата црвена пиперка и лукот.
- Исечете го едниот домат на коцкички и додадете го во месото заедно со доматното пире, истурете малку вода и оставете да се крчка, со повремено мешање, а при крај додадете ги зачините и магдоносот.
- Кога месото ќе биде готово, истурете го врз компирите, наредете кашкавал и најгоре ставете неколку кругови домат, па посипете со оригано.
- Ставете да се пече на 170 степени Целзиусови околу 15 минути, додека кашкавалот не се растопи, а компирот не биде доволно мек.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...