Рецепт за најмеките брауни колачиња, со крем сирење
Кога за некое јадење велат дека е „лапни-голтни“, сигурно на ум ги имаат и овие меки брауни колачи.

Кремасти, меки и многу вкусни - овие колачи со чоколадо и крем сирење се одличен десерт за секој период од годината.
Иако можеби ќе ви се чини дека се тешки за правење, тие не се воопшто комплицирани за подготовка - ако ги направите еднаш, често ќе ги подготвувате.
Потребни состојки:
За слој од крем сирење:
- 225g крем сирење, на собна температура
- 1 големо јајце, на собна температура
- ¼ чаша шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
За чоколадното тесто:
- 220g несолен путер
- 50g какао
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 100g кафеав шеќер
- 150g шеќер во прав
- 150g чоколадни трошки
- 60g чоколадо, сечкано
- 3 големи јајца, на собна температура
- 60g брашно
- Прстофат сол
- 3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175°C, па обложете тава со димензии 20x20cm со хартија за печење.
- Најпрво подгответе го слојот од крем сирење - ставете го во сад крем сирењето, додајте ги јајцето, ванилата и шеќерот и матете додека да добиете мазна смеса.
- Тргнете го садот на страна, па почнете со подготовка на тестото за брауни-колачот.
- Стопете го путерот во тенџере на средно-ниска температура со повремено мешање.
- Откако ќе се стопи и ќе добие златно-кафеава боја, префрлете го во сад отпорен на топлина.
- Во смесата додадете го какаото во прав, маслото, ванилата и сечканото чоколадо и мешајте додека не се спојат убаво.
- Оставете ја смесата да се олади на собна температура 15-20 минути.
- Во посебен сад иатете ги јајцата и кафеавиот шеќер (4-5 минути) додека не се стопи шеќерот и смесата не добие бледа кафеава боја.
- Додадете шеќер во прав и мешајте за убаво да се соедини.
- Измешајте ја оваа смеса со онаа ос стопениот путер и кога убаво ќе се спојат, додадете ги и брашното и чоколадните трошки.
- Ставете половина од смесата за брауни колачот во подготвениот плех.
- Врз неа истурете ја скоро целата смеса од креми сирење (одвојте 2-3 лажици од белата смеса на страна), па прелијте ја преостанатата смеса од брауни колачот.
- Најгоре ставете ја преостанатата смеса од крем сирењето и со чепкалка за заби или виљушка направете кружни линии.
- Печете 40-45 минути или додека рабовите не поруменат, а средината не стане малку леплива.
- Оставете целосно да се олади пред да сечете.
Видео постапка:
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
