Христина од Кочани споделува рецепт за домашни јуфки - ги суши на сонце на сушара
Кога ќе се спомне зборот „јуфки“, првата асоцијација не ни се оние купените од продавница, туку јуфките во неправилна форма, какви што правеле нашите баби. Христина од Кочани за CRNOBELO.com го сподели рецептот за домашни јуфки кои ги прави секое лето.

Мора да признаете, купените јуфки се вкусни, но ништо не може да ги замени домашните, како оние што ги правеле нашите баби и мајки.
Тоа не се јуфки со совршена форма кои се прават на машина, туку се кршат со рака и изгледаат совршено во својата неправилност.

А токму такви домашни јуфки направи Христина Манова од Кочани.

Таа својот рецепт го сподели со читателите на CRNOBELO.com:
Потребни состојки:
- 20 јајца (по можност домашни)
- околу 700ml млако млеко
- 2 до 2 ½ kg брашно
- 1 супена лажица сол
Начин на подготовка:
- 2kg брашно се ставаат во вангла, се додаваат јајцата, млекото и солта и се замесува тесто.
- Тестото не треба да е ни многу тврдо, ни многу меко, па на првите 2kg, (а зависно од самото брашно), можеби ќе треба да додадете уште малку.
- Откако го замесив тестото, го оставив да одмори околу 10 минути.
- Го поделив на помали топчиња, јас имав 18, и ги расукав во тенки кори.
- Секоја кора ја ставив на сушара, на сонце, за да се исуши убаво пред да ги соберам.
- Ако немате можност да ги сушите на сонце, може и во затворена просторија, да ги ставите преку чисти чаршафи, а потоа да направите промаја за да циркулира воздух и да ги исуши поврзо.
- Откако корите се исушија, ги искршив со рака и ги собрав.
- Најдобро е да се чуваат во книжно кесе за тестото да остане суво и крцкаво (да не се „одвраќа“).




А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...