Кремаст колач со праски и путер, рецепт што го најдов во тефтерот на мајка ми
Се топи во устата, зашто тестото после печењето е меко како пудинг, а праските му даваат свежина и малку „красаток“ вкус - па не е ни чудо што дома ни е омилен на сите.

Во сезоната на праски, барем еднаш го барам рецептот за колачот со праски и путер, кој мајка ми го запишала во својот тефтер пред повеќе од 15 години, а го нашла во списание.
Малку е да кажам дека овој десерт кој, се топи во устата, зашто тестото после печењето е меко како пудинг, ни е омилен на сите дома.
Малку праски, путер, ванила и околу 1 час работа (сосе печење) се доволни за да го подготвите овој најсовршен летен колач.
Забелешка: Состојките подолу се за мало тавче (без оглед дали е тркалезно или правоаголно), а ние секогаш ставаме шеќер во тестото иако нема во оригиналниот рецепт.
Потребни состојки:
- 500g лупени праски
- 2 јајца
- 3 + 4 лажици шеќер
- 1 шолја млеко (200ml)
- 1 шолја просеано брашно (шолјата е исто така од 200ml)
- Рендана кора од 1 лимон
- 2 + 2 кесички ванилин шеќер
- ½ шолја растопен путер (околу 130g)
Начин на подготовка:
- Праските се лупат, се сечкаат на крупни парчиња, се ставаат во длабок сад и се прелеваат со 4 лажици шеќер и 2 ванили.
- Убаво се промешуваат и се оставаат да отстојат додека да се подготви тестото.
- Во длабок сад се матат 2 јајца со 3 лажици шеќер, па се додава 1 шолја млеко, 1 шолја брашно, ренданата кора од лимон (по желба може да исцедите и малку лимон во тестото) и стопениот путер.
- Смесата за тестото треба да е тенка (потенка од тесто за палачинки).
- Тавата за печење се премачкува со путер и брашно, па на дното се редат праските (без сокот што го пуштиле).
- Сокот, сосе шеќерот, се додаваат во тестото, па откако ќе се спојат со миксер (или лажива), со него се прелеваат праските.
- Се пече околу 35 минути на 200 степени (или зависно од рерната малку подолго).
- Кога ќе биде готово, тестото треба да е кремасто, во вид на пудинг и да се топи во устата, а најгоре да има фатено кора.
- По желба, посипете со шеќер во прав или послужете го колачот со топка сладолед.
Повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело
