Во кујна со Дафинка од Пехчево - благи тостерки како во детството

Тостерките се секогаш добар избор за „да се грицне нешто набрзина“, без оглед дали се во солена или во блага варијанта.

blagi-tosterki-kako-vo-detstvoto-po-receptot-na-dafinka-od-pehchevo-01.jpg

Дали сте од оние луѓе на кои мајките или бабите во детството често им подготвувале тостерки?

И дали повеќе ја сакате благата или солената варијанта на овие вкусни грицки?

Во Фејсбук групата „Македонска софра“, каде што многумина споделуваат рецепти од своите омилени јадења, од македонски традиционални специјалитети и слично, Дафинка Мојсовска од Пехчево, објави неколку фотографии од благите тостерки коишто ги подготвила.

blagi-tosterki-kako-vo-detstvoto-po-receptot-na-dafinka-od-pehchevo-02.jpg

Со членовите на групата таа го сподели и рецептот, кој ви го пренесуваме:

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200ml зејтин
  • 200ml млеко
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 20 лажици брашно

blagi-tosterki-kako-vo-detstvoto-po-receptot-na-dafinka-od-pehchevo-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во длабок сад.
  • Се мешаат со миксер како за торта.
  • Кога смесата ќе биде готова, тестото може да се замеси убаво со рака - не треба да е ни многу меко, ниту тврдо.
  • Потоа се прават топчиња или со лажица се става од тестото на тостер.
  • Се печат 3-4 минути или додека да заруменат, а тестото да стане цврсто и крцкаво.
  • Се послужуваат откако ќе се изладат.

blagi-tosterki-kako-vo-detstvoto-po-receptot-na-dafinka-od-pehchevo-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Домашни сникерс колачи со урми, без печење Некои слатки задоволства се подготвуваат за час, а овие сникерс колачи со урни с...
Рецепт за мрзлив мозаик колач, без печење – како што правеа нашите мајки Се прави многу лесно со мешање на состојки кои веројатно веќе ги имате дома, не ...
Сите „полудеа“ по виралниот јапонски чизкејк - Дали вреди да се проба? Невозможно е да имате социјални мрежи, а ниеднаш да не сте го виделе рецептот за...

Најчитани неделава