Рецепт за мрзлив мозаик колач, без печење – како што правеа нашите мајки
Се прави многу лесно со мешање на состојки кои веројатно веќе ги имате дома, не се пече, а вкусот е неповторлив и со доза носталгија за детството кога ни го готвеа мајките и бабите, но во поздрава верзија.

Се сеќавате ли на овој мозаик колач кој сигурно некогаш во детството сте го јаделе дома или на гости кај бабите, тетките?
Се подготвува многу лесно со мешање на состојки кои ги имате дома, па затоа се нарекува мрзлив, а резултатот е мозаичен.
Не се пече, брз и лесен за правење, поздрава верзија од онаа со шеќер, а вкусот е неодолив.
Потребни состојки:
- 150g бисквити
- 470mlмлеко
- 3 лажици какао во прав
- 1 лажица нишесте
- Неколку лажици мед, по вкус за слаткост
- По потреба додадете уште бисквити или млеко, зависно густината
Начин на подготовка:
- Ставете го млекото да се топли и додадете ги какаото и нишестето, па со постојано мешање почекајте да згусне.
- На крај додадете мед по вкус и повторно измешајте.
- Во сад искршете ги бисквитите на покрупни парчиња и додадете ја мешавината со млекото.
- Измешајте ги убаво состојките, сите бисквити да се помешаат со чоколадната смеса.
- Истурете ја смесата во калап за леб врз хартија за печење и завиткајте одозгора со хартијата.
- Оставете во замрзнувач минимум 1 час, па одвиткајте од хартија и послужете.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...