Рецепт за ѓевречиња со спанаќ - идеални за сендвичи и како замена за леб

Ако не можете да се откажете од лебот, а сакате и да каснете вкусен сендвич за појадок или вечера, тогаш можете дома да направите печиво кое е многу поздрава варијанта на лебот.

recept-za-gjevrechinja-so-spanakj-pozdrava-zamena-za-leb-01.jpg

Овој рецепт за домашни ѓевречиња со спанаќ е прилично лесен.

Дури и првпат да замесувате тесто, верувајте - не можете да го згрешите, само ако се водите од постапката и го погледнете видеото пред да почнете да ги подготвувате.

Потребни состојки:

  • 250g брашно
  • 150g грчки јогурт со висока количина на протеин
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 5-6 топчиња замрзнат спанаќ
  • 1 жолчка од јајце
  • малку масло за полесно формирање на ѓевречињата
  • сусам, мак, семки од тиква (по желба за посипување на ѓевречињата)

Начин на подготовка:

  • Ставете го топчињата спанаќ на собна температура малку да се одмрзнат, а потоа изгмечете ги со виљушка.
  • Во садот во кој е спанаќот додадете ги сите состојки (освен жолчката и семето за наросување).
  • Замесете тесто кое не треба да е ни многу тврдо, но ни меко.
  • Поделете го тестото на парчиња и обликувајте ги во вид на топчиња.
  • Ставете малку масло на дланките пред да го земете секое топче, а потоа со прстот направете дупка во средината, за да добие форма на ѓеврек.
  • Наредете ги ѓевречињата врз хартија за печење, премачкајте ги со изматената жолчка и наросете ги по желба.
  • Печете на 180°C околу 20 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава