Рецепт за старински обланди полнети со фил од ореви и бисквити

Обланда со чоколаден фил со ореви и бисквити - вкус кој потсеќа на детството и на омилените десерти од тефтерите на нашите мајки и баби кои се веќе избледени. Се прави многу лесно и брзо. 

recept-za-starinski-oblandi-polneti-so-fil-od-orevi-i-biskviti-01.jpg

Ако сте љубител на старинската обланда, сега може и сами да си ја направите. 

Се подготвува едноставно, со готова обланда и фил кој се прави лесно, а има богат вкус на бисквити и ореви. 

Балканска домаќинка на Инстаграм го споделува својот рецепт, а ние ви го пренесуваме, бидејќи во нашите тефтери е целосно избледен. 

Потребни состојки:

  • 300ml млеко
  • 300g шеќер
  • 300g мелени бисквити
  • 250g маргарин
  • 100g чоколадо за готвење
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакување готови обланди

Подготовка:

  • Провријте го млекото со шеќерот и маргаринот исечкан на коцки, со постојано мешање.
  • Кога ќе се стопи и соедини целосно смесата, додадете ги оревите и бисквитите, па добро измешајте.
  • Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете чоколадо додека тенџерето е на оган и мешајте додека не се стопи.
  • Во другиот дел додадете ванилин шеќер и измешајте.
  • Оставете ги филовите малку да се изладат, а потоа ставете една кора обланда, па намачкајте од едниот фил, ставете друга обланда па намачкајте од другиот фил и така наизменично.
  • Последниот слој треба да биде ненамачкана кора обланда и врз неа ставете некој тежок предмет па оставете ја да отстои преку ноќ.

Кликнете за да погледнете видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...

Најчитани неделава