Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
Компир манџа
Потребни состојки:
- 300g пилешко месо
- 300g мисиркино месо
- 2-3 моркови (исечени на тркалца)
- 3-4 чешниња лук (ситно сечкани)
- 1 голема главица кромид (ситно сечкана)
- 5 средни компири (исечени на коцки)
- 3 зрели домати (излупени и ситно сечкани или пасирани)
- 2-3 лажици ајвар
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 коцка пилешки бујон
- Сол (по вкус)
- Свежо мелен бибер (по желба)
- Масло за готвење
- Врела вода (околу 1-1.5l)
Начин на подготовка:
- Во длабоко тенџере загрејте малку масло и додадете ги пилешкото и мисиркиното месо.
- Пржете на средна температура додека да добијат убава златна боја од сите страни.
- Потоа, прво додадете го морковот и пржете уште неколку минути, а потоа лукот и кромидот. Добро мешајте и пржете додека кромидот да омекне и добие златна боја.
- На крај ставете ги компирите, а по неколку минути и доматите.
- Оставете да се препржи околу 5 минути за доматите да се растопат и создадат густ сос.
- На крај додајте ги ајварот и црвениот пипер, па зачинете со сол и бибер по вкус. Промешај сè убаво.
- Налејте врела вода за да се покријат состојките (околу 1-1.5 литар), па пилешкиот бујон.
- Намалете ја температурата и оставете да се крчка на тивко околу 1 час, или додека месото и компирите не станат сосема меки.
- Можете да ја послужите компир манџата со свежа салата од зелка.

Леб со свежо цеден сок од цвекло
Потребни состојки:
- 500g брашно (пола бело, пола интегрално или по желба)
- 300ml свежо цеден сок од цвекло (ладен)
- 1 кесичка сув квасец (7g) или 20g свеж квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Ако користите свеж квасец, растворете го во малку топла вода со шеќер и оставете да нарасне 5-10 минути.
- Во голем сад измешајте ги брашното, солта и додадете го квасецот (нараснатиот ако користите свеж или кесичката сув квасец).
- Додај го сокот од цвекло и маслото и замесете тесто, а ако лепи, додај малку брашно по потреба.
- Месете за тестото да стане мазно, па покријте го и остави го да нарасне околу 1 час на топло.
- Премесете го, формирајте векна или ставете го во калап и оставете уште еднаш да порасне, околу 30 минути.
- Печете во загреана рерна на 200°C околу 30-35 минути (проверете со чепкалка).
- Остави да се излади на решетката, па послужете го.
- Забелешка: Лепчето може да се прави со сок од спанаќ или од морков и да добие зелена или портокалова боја.


А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
